Таа кантите со труповите ги држела во станот, каде полицајците ги пронајдоа остатоците од телата. Според наводите на полицијата, Саито бебињата ги ставала во бетон во периодот меѓу 1992 и 1997 година, зошто била сиромашна и не можела да ги издржува.
Иако Јапонија е трета економска сила во светот и важи како економски силна и напредна држава, се уште се бори со сиромаштијата која е голем проблем за таа држава, посебно за жените.
Чедоморката изјави во полиција дека немала кому да му се обрати за помош. Во Јапонија нема поддршка од општеството кога е во прашање подигнувањето на децата, како што се пониски цени во детските градинки кои би им овозможиле на жените да работат додека имаат мали деца.


