Ужасна програма без никаква цел - Здруженијата за заштита на животните против „Лајка“
Со програмата за работа на Лајка на голема врата ќе има еутанизирање на половина од бездомните кучиња.
На вечерашната јавна дебата во Советот на Град Скопје, здруженијата за заштита на животните се спротиставија на аргумените на градските власти за работењето на новоформираната Лајка. Реагираат дека еутаназијата не е решение, како и брзите тестови за болести и отворањето на резервоар.
Му порачаа на градоначалникот дека како здруженија воопшто не учествувале во изготвувањето на програмата која според нив била толку ужасна што и не можело да се корегира.
Во текот на дебатата имаше дофрлања од претставници од здруженијата кога на говорницата беа вработени од Лајка, па редот во салата го смируваше градоначалникот Петре Шилегов кој побара од присутните да ги слушаст сите пријавени говорници.
Инаку програмата за работењето на Лајка беше усвоена на седницата на 11 февруари, но поради бројните коментари и реакции во јавноста, градските власти одлучиле да организираат дебата.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата