Очајните родители велат дека не знаеле дека синот веднаш требало да го однесат во болница, но сепак се откажале од тоа кога Рајкл плачејќи се ги молел да не одат зошто се плашел од инјекции.
По една недела детето се пожалило на главоболки и рекло дека му се кочат прстињата.
Родителите тогаш го однеле во болница, каде докторите се обиделе да му го спасат животот со новиот третман кој до тогаш им спасил живот на две заразени деца во САД и 18 луѓе ширум светот.
Меѓутоа детето е донесено предоцна, набрзо паднало во кома и недела дена потоа починало во болница.