-->
-->
ВАДА потврди дека била цел на хакерски напад!
-->

Светската анти-допинг агенција (WADA) потврди дека руска хакерска група го нападнала нивниот компјутерски систем и дека групата која се нарекува „Fancy Bears“.
Руската хакерска група која се бори за фер плеј во спортот, соопшти дека бројни американски спортисти, меѓу кои сестрите Серена и Венус Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс, биле позитивни на допинг, но дека не биле санкционирани и дека продолжиле да се натпреваруваат.
„Групата влегла во фајловите каде се податоците на спортистите, каде се и нивните доверливи медицински досиеја. Тие податоци се однесуваат на спортистите кои настапија на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Некои податоци се објавени во јавноста, но се заканија дека ќе бидат објавени и други податоци“, соопшти WADA, која го осуди нападот на руските хакери.
Групата „Fancy Bears“, на јавноста и се претстави во вторникот, кога објави дека ќе се бори за фер плеј во спортот и дека документите за сестрите Вилијамс и Симон Бајлс се првите од многуте кои ќе бидат објавени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
