Фудбал
7. јуни 2021 - 11:30

Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска

Фудбалерот на холандската репрезентација Џорџињо Вајналдум ги сумираше резултатите на пријателскиот натпревар против Грузија (3:0).

– Бевме критикувани по натпреварот со Шкотска, и ова е нормално по ваквата игра. Но, ние верувавме дека можеме да постигнеме повеќе, отколку што покажавме, тогаш истакна Вајналдум за тамошните медиуми.

Холандија на претходниот пријателски натпревар ремизираше со Шкотска (2:2).

На претстојното Европско првенство, Холандија ќе и биде противник на македонската репрезентација во групата Ц каде уште ќе играат Австрија и Украина.