Живот
25. January 2017 - 22:58

Вака изгледа најскапата куќа во Америка, чини „само“ 250 милиони долари

Куќа вредна 250 милиони долари се продава во Лос Анџелес и се смета за најскапа во САД и меѓу најскапите во светот.

Оваа екстраваганција има 12 спални соби, 21 бања, пет барови, три кујни, куглана, хелиодром, базен и други луксузни детали.

Покрај тоа куќата е полна со уметнички дела, а само скулптурата од огромниот „Лајка“ фотоапарат вреди милион долари. Автор е кинескиот уметник Лиао Џибаји.

Вреди да се погледне и во гаражата зошто во неа веќе се паркирани за адниот газда и 12 скапоцени автомобили - бугати, ролс ројс, пагани хуајра...

Погледнете го видеото: