-->
-->
Вакцината „Модерна“ ќе чини до 37 долари по доза
-->
Фармацевтската компанија Модерна објави дека дозата на вакцината што ја развива против КОВИД-19 ќе чини помеѓу 25 и 37 американски долари, во зависност од нарачаната количина, објави БНР.
Извршниот директор на компанијата, Стефан Бансел, за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјави дека цената е слична на стандардната вакцина за грип, која чини меѓу 10 и 50 долари.
Претставник од Брисел во понеделникот изјави дека Европската комисија има за цел да постигне договор со компанијата за снабдување на милиони дози во вредност помала од 25 долари за една.
Бансел, исто така, истакна дека сè уште не е потпишан договор и се водат преговори, но истакна дека е „прашање на денови пред да биде подготвен договорот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"