Вакцината на Модерна 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза

Извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел изјави дека вакцината против коронавирус на компанијата е 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза.
Во изјавата за тековните клинички испитувања, Бансел рече дека „варијантата Делта претставува нова закана и затоа треба да останеме будни“.
Како што пренесуваат странските агенции, се смета дека сите три вакцини против Ковид -19 на американскиот пазар нудат заштита од позаразната варијанта Делта. Во ретки случаи кога вакцинираните луѓе се инфицираат, нивните симптоми обично се благи или ги нема.
Бансел рече дека компанијата работи на зајакнувачка вакцина што треба да се дава еднаш годишно за заштита од Ковид-19 и сезонски грип.
– Во клиничките испитувања, овие вакцини покажаа стабилни реакции на антитела на варијантите на Ковид-19, додаде тој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
