Фудбал
31. October 2024 - 10:52

Ван Нистелрој: Ќе му помагам на Манчестер jунајтед се додека е потребно

Вршителот на должноста тренер на Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој проговори за својата иднина по синоќешната победа над Лестер (5:2) во осминафиналето од англискиот Лига куп.

-Тука сум да му помогнам на Манчестер јунајтед и да дадам се од себе за клубот во секакви капацитети што можам. Ќе помогнам колку што е потребно. Во иднина, подготвен сум да бидам тука во секое својство за да му помогнам на клубот да продолжи да ја гради иднината. Овој мој став никогаш нема да се промени, изјави Ван Нистелрој.

Во понеделник (28 октомври) Јунајтед го отпушти тренерот Ерик тен Хаг. Тој го водеше Манчестер од летото 2022 година. На 29 октомври се дозна дека нов тренер ќе биде 39-годишниот Португалец од Спортинг, Рубен Аморим.

Нистелрој (48) беше дел од стручниот штаб на Тен Хаг од летото 2024 година, пред тоа работеше за ПСВ. Како играч, Холанѓанецот играше за „црвените ѓаволи“ од 2001 до 2006 година.