Вандали ги кршат кантите за смет на повеќе локации во Штип
Кантите и корпите за отпадоци веќе неколку дена на повеќе локации во Штип се кршат или се буткаат во коритата на реките Отиња и Брегалница.
Раководителот на работна единица Комунална хигиена при ЈП „Исар“-Штип, Љупчо Панајотов вели дека ова е вандализам, а денешниов случај го пријавиле и во полиција, со цел да се откријат сторителите.
- Двапати на локацијата кај црквата „Свети Никола“ имаме буткање на контејнер во коритото на реката Отиња. Не знаме кој е мотивот и тоа не е добро, бидејќи се работи за контејнер кој служи на граѓаните и за кој се трошени народни пари. Имаме и буткање на кошчиња во реката Отиња, потоа кај локација „Туш“ и кај бањата „Кежовица“ се буткаат и кршат во реката Брегалница, вели Панајотов.
Штипското комунално претпријатие пред неколку месеци реагираше и на ванадализмот на канделабрите на пешачката патека кај реката Брегалница. Но, засега сторителите не се откриени од страна на полицијата или од обезбедувањето на комуналното претпријатие „Исар“.
Ново на Сител
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија