Вардар гостува кај Розенборг во вториот натпревар од ЛЕ

Фудбалерите на Вардар синоќаа го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Леркендал“ во Трондхајм каде вечер против Розенборг ќе го одиграат натпреварот од второто коло во Лига Европа.
„Црвено-црните“ одработија полесен тренинг и со умерен оптимизам го очекуваат натпреварот. Стручниот штаб ги подготвуваше последните тактички варијанти во обид да се освојат првите бодови во групата „Л“ во второто по квалитет клупско континентално натпреварување.
Двете екипи во меѓусебната пресметка влегуваат по убедливите порази на стратот, Вардар од Зенит (0:5), Розенборг од Сосиедад (0:4).
Тренерот на македонскиот шампион Чедомир Јаневски беше помошен тренер во Олимпијакос пред 12 години кога токму на стадионот „Леркендал“ резултатот беше нерешен.
– Се сеќавам на тој натпревар, одигравме 1:1. Од она што знам дека не е лесно да се игра тука. Станува збор за типично скандинавска екипа која што физички е добро подготвена. Одлични се во воздушните дуели. Ќе бидат тоа, навистина, тешки 90 минути, изјави шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“.
Натпреварот Розенборг – Вардар почнува во 19 часот.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
