Ракомет
15. December 2015 - 12:23

Вардар Јуниор двапати домаќин на Војводина

Ракометарките на Вардар Јуниор двата натпревара од осминафиналето од Челинџ купот со Војводина од Нови сад ќе ги играат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“. Дуелите ќе се одиграат на 16 и 17.јануари.

Првиот дуел се игра во сабота (16.јануари) со почеток во 14 часот, а вториот во недела (17.јануари) почнува еден час подоцна.
Тимот на Вардар Јуниор домашниот терен (двата натпревара се играа во Скопје) го искористи и во 3.коло од ова натпреварување кога постигна вкупна победа од 62:31 против англискиот тим Лондон Ејнџелс.