Ракомет
17. January 2016 - 17:51

Вардар Јуниор во 1/4-финалето во Челенџ купот

Ракометарките на Вардар јуниор се пласираа во 1/4-финалето Челинџ купот.
 
Младите вардарки и по втор ат ја совладаа српската екипа Минаква Војводина во меч од осминафиналната рунда.
 
И во вториот натпревар против екипата од Нови Сад одигран во спортскиот центар „Јане Сандански", помладиот вардаров тим славеше со 31:27 полувреме 16:13. Вчера избраничките на Симе Симев победија со 26-24.  
 
Теодора Камчева и Наташа Нолевска постигнаа по 9, а Сара Митова и Маја Трпсковска по 4 голови, за Вардар Јуниор.