Фудбал
24. August 2017 - 21:29

Вардар на Самсоненко испиша македонска фудбалска историја

Македонскиот шампион Вардар со победа среде Истанбул од 2-1 против  големиот фаворит Фенербахче избори историски пласман во групната фаза од Лига Европа. 

Црвено црните одиграа одличен меч и не му дозволија на противникот да креира своја игра и шанси. Турците по оние 0-0 во првиот дел сепак први го отворија резултатот во вториот дел со погодокот на Роман. И кога подготвуваа екстра притисок кон голот на одличниот вечерва Гачевски Џигаури искористи една контра и израмни на 1-1.  Победоносниот погодок на Вардар го обезбеди нововлезениот Глигоров. 
Вардар е првиот македонски тим што обезбеди влез во групната фаза од Лига Европа за која извлекувањето на групите е утре.