Loading Video...
Ракомет
9. April 2021 - 19:52

Вардар по шест сезони не успеа да се пласира во 1/4 финалето на ЛШ

Ракометарите на Вардар се елиминирани од  Лигата на шампионите од унгарскиот Веспрем и ги завршуваат натпреварите  со учеството во осминафиналето.  
Црвено-црните и во реваншот доживеаја убедлив пораз од Унгарците. 
Вардар на гостувањето во  Унгарија замина со убедлив пораз од 14 гола од првата средба во Скопје и јасно беше дека овојпат Веспрем е многу посилен тим од двократниот европски првак. 
Уште од самиот старт на средбата домаќинот доминираше и некаде по 10-погодок почна да се одлепува и обезбеди предност од 15-10.  
Во второто полувреме предноста растеше а во еден момент Веспрем поведе со 36-25 за да на крајот да слави со 39-30. 
Со овој настап Вардар прекина убава традиција и по 6 години за првпат не успеа да се пласира во четвртфиналето на најелитното европско натпреварување.  Вреди да се спомене дека  легендата на хрватскиот ракомет Иван Чупиќ за последен пат го облече црвено-црниот дрес со што практично најави дека  раководството на Вардар ќе мора макотрпно да работи и да креира нов тим за следната сезона. 
Фановите на двократниот европски првак се навикнаа на големиот достигнувања на овој  Вардар и тешко ги доживуваат овие неуспеси на омилениот клуб.  Формула  за силен тим има, таа не е тајна само треба да се следи трасираниот пат од пред 7-8 сезони , сепак Вардар потврди дека чуда се случуваат и во Македонија , земја што го сака ракометот. Освоивме две европски титули нешто што многу побогати клубови се уште го сонуваат.