-->
-->
Вардар подобар од Металург на стартот на новата сезона во СЕХА лигата
-->

Ракометарите на Вардар го совладаа градскиот ривал Металург на стартот на новата сезона во регионалната СЕХА лига.
На средбата одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ актуелниот европски првак и бранител на шампионскиот трофеј во СЕХА конкуренцијата, Вардар го победи Металург со 32-23 полувреме 16-11.
Металург беше рамноправен само во воведните 7.минути по кои резултатот беше израмнет 3-3. Потоа следуваше серија до 5-0 на вардарци за водство од 8-3 во 14.минута, предност која ја сочуваа и до крајот на полувремето кое заврши со резултат 16-11 за Вардар
Во вториот дел црвено-црните рутинирано ја одржуваа предноста и на крајот забележаа победа со конечни 32-23 .
Најефикасен во победничката екипа беше Тимр Дибиров со 5 гола, додека Македа и Борозан постигна еден помалку, а кај Металург најефикасен беше Жарко Пешевски кој средбата ја заврши со 5 постигнати гола.
На претходно одиграните натпревари од ова воведно коло, беа постигнати овие резултати: Татран Прешов – Мешков Брест 24-23, Војводина – Динамо Панчево 24-29, Горење Велење – Целје Пивоварна Лашко 22-25 и ППД Загреб – Нексе 29-19.
Во следното коло, веќе во вторник (5 септември), Вардар ќе биде домаќин на Горење Велење, додека Металург ден подоцна (среда, 6 септември) гостува во Панчево кај Динамо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
