Вардар се излеа во центарот на Скопје

На неколку места е излеана реката Вардар во Скопскиот регион. Излевање има по течението во центарот на Скопје, како и кај мостот кон Јурумлери во општина Аеродром и на местата викани Вител, Чука и Средоред во општина Зелениково.
Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места поплавени се земјоделски површини, а во општина Маврово и Ростуше над селото Жировница делумно е почнато да се лизга земјиштето и постои опасност тоа да се зголеми.
Во општина Боговиње, на патот за селото Ново Село има одрон во должина од пет метри и се очекува во текот на денот да почне чистењето.
Според информациите од РЦУК, во општините Битола, Могила и Новаци има заезерено 7 – 10 хектари земјоделски површини кои се појавени како резултат на нефункционалноста на терцијалната мрежа за одводнување, бидејќи нема класично излевање на водотеци.
Во општина Крушево, по текот на реката Црна од селото Света кон селото Бучин има излевање и поплавување на ливади во должина од околу три километри и ширина од околу 50 метри низводно.
Излевања има и во општина Демир Хисар каде се поплавени земјоделски површини на потегот од селото Доленци до селото Света.
Во Тетовски регион нема нови излевања и водата од веќе излеаните површини се повлекува. Нивото на водата од реката Вардар во селото Форино е малку намалена и жителите бараат од ЕЛЕМ Гостивар и денеска да биде намалено производството со електрична енергија бидејќи има некои земјоделски површини што се поплавени од вода.
Во општините Охрид, Дебарца и Кичево состојбата се нормализира, а во општините Македонски Брод и Пласница поради сеуште високиот водостој на повеќе места има излевање на реката Треска и поплавени се земјоделски површини, ливади и овошни насади.
Фото: МИА
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
