Фудбал
14. August 2017 - 13:35

Вардар се засили со фудбалер од Гана

Мустафа Куајнор од Гана ќе биде новото засилување на Вардар во овој преоден рок, пренесува „Македонски спорт“. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој што има настапувано на Кипар во екипите на АЕЛ Лимасол, Алки Ларнака и Ермис. Последен клуб му е Паское Вале од Австралија.
 
Куајнор е висок 175 сентиметри, и игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а исто така има искуство со играње и како десен бек. Бразилецот Итало е веќе договорен со „црвено-црните" со кои потпиша на една година.