Македонија
24. February 2017 - 13:53

Вардар во Долно Лисиче исфрли машки труп, идентитетот непознат

Вчера  во 15.10 часот од ЕИК Скопје е известено дека во 11.45 часот во Долно Лисиче, во водите на реката Вардар, бил пронајден машки леш.
 
Со специјално возило лешот бил изваден од водата.
 
Идентитетот не е утврден, а со наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.