Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026

Вардар обезбеди пласман во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако во полуфиналето убедливо го совлада Бутел со 36-23.
Тимот на Иван Чупиќ одигра сигурен натпревар против градскиот ривал, кој од клупата го предводи легендата на Вардар, Стојанче Стоилов. Прашањето околу победникот практично беше решено уште по првите 30 минути, кога „црвено-црните“ имаа предност од 21-13.
Во финалето Вардар ќе се соочи со ГРК Охрид, кој исто така обезбеди место во битката за трофејот.
Домаќинот Струга, пак, заврши на второто место во својата група по минималната победа од 28-27 над српска Дубочица. Стружани на полувремето водеа со 14-12, а со триумфот си обезбедија настап во натпреварот за третото место.
Таму Струга ќе се сретне со Прилеп на завршниот ден од турнирот.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
