Вархеји: Издржан реформски напредок на Северна Македонија кон ЕУ
– Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ги презентира попладнево извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент.
За Северна Македонија Оливер Вархеји изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес.
-Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата, СевеВархејирна Македонија покажа одлучност и издржан напредок, изјави Вархеји пред европратениците.
Еврокомесарот забележа дека е важно земјата да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, за да го искористи својот потенција за забрзување на реформите.
Според него, потребни се дополнителни напори во областа на јавната администрација.
Извештајот го поздравува целосното усогласување на Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ, посебно во однос на Украина.
-Со ова земјата ја покажа својата одлучност да напредува на својот ЕУ пат, изјави Вархеји.
По Европскиот парламент еврокомесарот треба да се обрати и пред новинарите по објавувањето на годишните реформски извештаи за шесте земји од Западен Балкан и Турција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
