Вархеји очекува одлука за старт на преговорите во наредните недели

Европската Комисијата стои цврсто на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија, и се надевам дека земјите-членки ќе донесат позитивна одлука во наредните недели, порача еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји по објавувањето на извештаите за напредокот на двете земји.
– По усвојувањето на ревидираната методологија во февруари, денеска ги презентираме нашите ажурирани извешати за Албанија и Македонија. Тие покажуваат дека земјите ја засилиле својата работа и испорачале дополнителни опипливи и одржливи резултати во клучните области утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година, вели Вархеји и нагласува според ЕК исполнети се критериумите за старт на пристапните преговори.
Извештаите објавени денеска го поздравуваат напредокот во двете земји. За Македонија, ЕК смета дека земјата презела значајни чекори за зајакнување на независноста на судството и борбата против корупцијата, и остварила напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
