Вархеји: Работиме на поширок пакет за енергетски спас за Балканот

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека се работи на барањата на Северна Македонија и други земји за помош за покривање на енергетските потреби, јави дописничката на МИА од Брисел.
По најавите дека претседателот Стево Пендаровски побарал од Европската Комисија да и помогне на Северна Македонија да надомести за цената на електрична енергија од Бугарија, еврокомесарот денеска на прес – конференција одговори дека е запознаен со барањето и дека се работи на “поширок пакет за спас“.
-Работиме на поширок пакет за енергетски спас за целиот Балкан и се обидуваме да испорачаме многу брзо, би требало да сме во можност да го презентираме на лидерите во ноември на самитот на Берлинскиот процес, каде разгледуваме начини да им помогнеме да одговорат на итните краткорочни и среднорочни потреби, да создадеме алтернативни набвки на гас или струја, како да помогнеме за интерконекторите за гас или струја, изјави еврокомесарот попладнево.
Тој додаде дека е потребно да се поттикнат и инвестиции, посебно во зелената енергија и енергетската ефикасност, нагласувајќи дека зградите од “советски стил“ трошат многу енергија.
Еврокомесарот одговори и на прашање за најлошата оценка во извештајот за Северна Македонија, а тоа е слободата на изразување и на медиуми, каде Европската Комисија го критикува отсуството на реформите во МРТВ. Таа смета дека напредокот во областа на слободата на изразување е ограничен, а недостигот на медиумска саморегулација има негативни последици врз професионалните стандарди во новинарството
-За слободата на изразување бараме да се донесат законските реформи кои се на маса веќе неколку години. Се надевам дека конечно опозицијата и Владата ќе најдат начин да се договорат во Собранието за овие реформи, рече евокомесарот Вархеји.
Вархеји не сакаше да го коментира отворањето на бугарските клубови со имиња на фашистички соработници, но изрази надеж дека преговарачката рамка и процес ќе помогнат да се надминат тензиите.
-Се надевам дека со договорот за преговарачката рамка и одржувањето на првата политичка меѓувладина конференција, и политичкиот договор кој нѐ донесе таму ќе создадат различна клима, рече еврокомесарот за проширување.
Тој ги повика двете страни да бидат отворени и да се посветат на соработка преку создадената рамка.
-Се појавуваат охрабрувачки знаци и треба да имаме доверба во нашите пријатели во Софија и во Скопје дека ќе најдат начин да ја променат целата атмосфера, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји.
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
