Вархеји во вторник во посета на Скопје по повод испораката на вакцини финансирани од ЕУ
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји в понеделник со посета на Србија ја започнува турнејата низ земјите од Западен Балкан, со чии официјални претставници ќе разговара за одговорот на пандемијата и за поддршката на ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што информира Европската комисија, во вторник Вархеји ќе ги посети Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а потоа в среда ќе престојува во Албанија и Косово.
Турнејата на Вархеји низ Западен Балкан е по повод доставувањето на првите вакцини против Ковид-19 со финансиски средства од Европската Унија.
Вархеји истакна дека патува во земјите од Западен Балкан со цел да пренесе јасна порака дека ЕУ се грижи за своите партнери.
Европската комисија и Австрија на 20 април најавија дека на земјите од регионот ќе им бидат доставени вкупно 651.000 дози вакцини од „Фајзер/Бионтек“ во неделни транши, во периодот од почетокот на мај, па до август.
– Овие вакцини ќе помогнат да се забрзаат кампањите за вакцинација, како и да се осигури дека сите медицински работници од првата линија и некои од најранливите групи се вакцинирани, се вели во соопштението на Европската комисија.
Вакцините се финансираат од пакетот вреден 70 милиони евра, што Еврокомисијата го усвои во декември 2020 година за да помогне во покривање на трошоците за вакцинација, врз основа на договорот за авансно купување дози за земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара притвор за Крешник Бектеши
-
Бектеши задржан во полициска станица - Засега нема правна квалификација, вели неговиот адвокат
-
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
-
Протестот во Кочани продолжи пред Обвинителството и Основниот суд
-
Вучиќ: Ќе примиме 29 повредени Македонци во Србија
-
Byчиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија
-
Амбасадорката на Србија Јовановиќ: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград
-
Демолирани локалите на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани