Варшава се грижи за 30.000 мачки
На барање на еден пратеник загрижен за судбината на мачките скитници, Варшава направи попис и објави дека нема причина за загриженост, бидејќи на територијата на главниот град живеат и вешто ловат глувци и стаорци речиси 30.000 мачки.
„Мачките кои слободно живеат на улиците се многу важен дел од екосистемот. На природен и ефикасен начин не штитат од присуството и преголемото размножување на глодарите, пред се на глувците и стаорците. Не се гледа на нив како на скитници без сопственици. Забрането е да се фаќаат, одвезуваат и на било кој начин да им се отежнува животот‟ - рече портпаролката на градот Агњешка Кломб, за грижата на градските власти за уличните мачки.
Во текот на 2015 година на улиците на Варшава живееле над 29.618 мачки, што е за 482 повеќе од претходната 2014 година, а статистиките за претходните години покажуваат дека популацијата на варшавските мачки е стабилна и тие не исчезнуваат ниту пак премногу се размножуваат.
Варшава во таа најприродна, еколошки безбедна дератизација лани инвестираше 340.000 евра за 292.530 килограми храна со која мачките ги ранат волонтери во секој градски кварт.
Варшавските мачки се навикнати на тоа градот да ги чува, а пред две години укажаа и на махинација со квалитетот на храната, бидејќи почнале да одбиваат да јадат.
Лабораториската анализа која ја изврши градот покажала дека храната престанала да ги исполнува декларираните норми и градот на тендер веднаш одбра друг доставувач. Во грижата за уличните мачки се вклучуваат и други Варшавјани, излегувајќи во пресрет на апелите од власта во тек на зимата да ги отворат прозорците на своите подруми мачките да можат да се грејат.
Во некои други полски градови општините делат на доброволци бесплатно специјални мултиплекс куќички, мачките кои ги штитат од глувци да не бидат бездомници
Ново на Сител
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици
-
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
-
Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби