Балкан
23. July 2015 - 12:14

Варуфакис: Договорот со кредиторите е направен да не успее

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во интервју за Интернет страницата „ПресПроџект“ објасни зошто гласал „да“ за вториот пакет реформи.

- Мојата цел е, и покрај несогласувањето со нашето дејствување по меморандумот, одржување на единството на Сириза, поддршка за Алексис Ципрас и Еуклид Цакалотос, рече Варуфакис.

Сепак, тој изрази сигурност дека неговиот глас „нема да и помогне на Владата кон заедничката кауза“.

-  А тоа е поради договорот на евро самитот, кој ги вклучува овие две мерки, и кој е направен да не успее, истакна тој.

Тој објасни дека гласал „да“ за да и помогне на партијата да добие на време „за да може да го планира новиот отпор кон авторитаризмот и продлабочување на кризата“.