,,Вашингтон пост“: Бајден дозволи на Украина да и се испорачаат касетни бомби од резервите на Пентагон

Американскиот претседател Џо Бајден го одобри испраќањето американска касетна муниција во Украина, а повлекувањето на оружјето од залихите на американското Министерство за одбрана треба да почне денеска.
Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека со овој потег ќе се заобиколи американскиот закон што забранува производство, употреба или пренос на касетна муниција со стапка на неуспех поголема од еден процент.
Ова оружје, што првпат беше употребено за време на Втората светска војна, обично фрла голем број мали бомби и е познато по тоа што убива цивили.
Касетната муниција, исто така, е забранета со поголемиот дел од светската Конвенција за касетна муниција од 2008 година, која САД, Русија и Украина не ја потпишаа.
Во текот на последната година драстично се смени ставот на администрацијата на Бајден за обезбедувањето на Украина со касетна муниција. Во декември, портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека САД се загрижени поради испраќањето на контроверзното оружје, што е забрането во повеќе од 100 земји бидејќи неексплодираните убојни средства на крајот можат убијат цивили.
Ново на Сител
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
-

МЖСПП најавува нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисииа носи построги правила за индустријата
-

Поднесено обвинение против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
-

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
