Вашингтон Пост: Израел предизвикал гнев во Белата куќа откако соопштил дека го ликвидирал Ханија

Израел веднаш по убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, ги информираше САД дека стои зад убиството, пишува Вашингтон пост, цитирајќи извори запознаени со процесот во Белата куќа.
Според весникот, претставниците на администрацијата на претседателот Џо Бајден биле огорчени поради одлуката за ликвидација на Ханија, загрижени дека тоа би можело да стави крај на повеќемесечните внимателни преговори за примирје во Газа.
Весникот наведува дека американските власти се исто така гневни и поради тоа што Израел не ги информирал пред да започне други операции за напади на Хезболах или ирански команданти, пренесува Тајмс оф Израел.
Анонимен израелски функционер, цитиран од Вашингтон пост, потврдува дека телефонскиот разговор меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден минатата недела бил „тензичен“.
Ново на Сител
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
