-->
-->
Васил Јованов осуден на 12 години
-->

Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова е осуден на 12 години. Тој на судењето што почна на 9-ти овој месец призна вина за сообраќајката што се случи на 29-ти јануари годинава.
Според обвинението Васил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
-

Законот за Советот на јавни обвинители го помина првото читање во матичната комисија
-

Нова програма на СДСМ: Скратена работна недела, повисоки пензии, нула корупција
