Василев: Северна Македонија е измислена причина за повлекувањето на „Има таков народ“ од бугарската владејачка коалиција
Бугарскиот министер за спорт во оставка, Радостин Василев, од партијата „Има таков народ“, денеска на прес-конференција соопшти дека групата од седум пратеници од партијата ќе ја напушти партијата.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Василев, изјави дека Бугарија е поважна од задкулисните интереси на група луѓе со кои веројатно владее нивниот лидер Слави Трифонов.
Тој кажа дека мафијата се пробива во ИТН.
Според Василев, однесувањето на лидерот на партијата Слави Трифонов е како на единствен сопственик и тоа ја доведе партијата до самоуништување, а неговите неодамнешни постапки доведуваат и до бришење на Бугарија.
-Одлуката на Трифонов за повлекување на министрите од Владата и од владејачката коалиција во Бугарија не е координирана со никого, коментира Василев.
Според Василев, Трифонов никогаш не го интересирало мислењето на гласачите, на неговите пратеници, и тој нив не ги ни знае освен петмина од нив.
-ИТН е бизнис проект, а не парламентарен проект. За да украде некои средства од некои фирми, Трифонов повлече министри. Северна Македонија е измислена причина искористена за овој повод, категоричен е министерот во оставка Василев.
Ново на Сител
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја