Василево потпиша договор за два проекта вредни околу 6 милиони денари
Градоначалникот на Општина Василево, Ванчо Стојанов и претставници на две градежни компaнии денеска потпишаа договор за реализација на проекти во вкупна вредност од 5.830.292 денари.
Градежната компанија „Жикол“ треба да го реконструира постојниот Дом на културата во Нова Маала и да го преадаптира во спортска сала, додека компанијата „Пешо Инженеринг“ ќе го гради повеќенаменското игралиште во Доброшинци.
- Се работи за два проекти од областа на спортот и културата, наменети пред се за младите односно учениците од подрачното училиште во Добрашинци и учениците од училиштето во Нова Маала, изјави градоначалникот Стојанов.
Со оглед на тоа што градежната сезона веќе е започната, а и согласно одредбите во договорите, работите на терен треба да започнат во најбрзо време, додаде Стојанов, и изрази надеж дека во текот на оваа градежна сезона и двата објекта ќе бидат комплетно изградени и подготвени за користење.
Средствата за реализација на проектите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.
Ново на Сител
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена
-
Македонска гордост
-
Преглед на вести од светот
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка