Василево потпиша договор за два проекта вредни околу 6 милиони денари

Градоначалникот на Општина Василево, Ванчо Стојанов и претставници на две градежни компaнии денеска потпишаа договор за реализација на проекти во вкупна вредност од 5.830.292 денари.
Градежната компанија „Жикол“ треба да го реконструира постојниот Дом на културата во Нова Маала и да го преадаптира во спортска сала, додека компанијата „Пешо Инженеринг“ ќе го гради повеќенаменското игралиште во Доброшинци.
- Се работи за два проекти од областа на спортот и културата, наменети пред се за младите односно учениците од подрачното училиште во Добрашинци и учениците од училиштето во Нова Маала, изјави градоначалникот Стојанов.
Со оглед на тоа што градежната сезона веќе е започната, а и согласно одредбите во договорите, работите на терен треба да започнат во најбрзо време, додаде Стојанов, и изрази надеж дека во текот на оваа градежна сезона и двата објекта ќе бидат комплетно изградени и подготвени за користење.
Средствата за реализација на проектите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
