Васко Ѓурчиновски нов началник на ГШ на АРМ
Со Указ на претседателот Ѓорѓе Иванов генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска е назначен за нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Неговото назначување беше соопштено на централната прослава на 18 Август - Денот на АРМ, на која учествуваат државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор.
Ѓурчиновски доаѓа на местото на генерал-потполковник Методија Величковски, кому му истекува тригодишниот мандат. Новиот началник на Генералштабот на АРМ досега ја извршуваше функцијата постојан воен претставник на АРМ во седиштето на НАТО во Брисел.
Генералот Ѓурчиновски беше командант на Здружената оперативна команда, највисокото тело во АРМ, а претходно беше и командант на армиските специјалци и аѓутант на претседателот Иванов. По воена обука е специјалец.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба