-->
-->
Васовски: Имаме подеднакви шанси со АПОЕЛ за пласман во следната рунда
-->

Поранешниот македонски репрезентативец, а сега прв оомошникот тренер на Вардар, Александар Васоски, во пресрет на дуелот со АПОЕЛ во рамките на второто квалификациско коло од фудбалската Лига на шампионите смета дека „црвено-црните“ имаат исти шанси како и кипарскиот шампион за пласман во следната фаза.
- Сакаме да ја играме нашата игра, односно игра со која ќе успееме да извадиме добар резултат. Ќе дадеме се од себе да дадеме гол таму на Кипар со кој ќе ни се олесни задачата. Затоа и низ овие подготовки кои ги минавме се воигрувавме и пробувавме разни варијанти се со цел да ја најдеме вистинската тактика за АПОЕЛ. Се надевам дека ќе преовлада и тој балкански инает и дека ќе успееме да дојдеме до поволен резултат на првиот меч кој ќе ни гарантира интересен реванш во Скопје. Мислам дека имаме подеднакви шанси. АПОЕЛ е силен тим, меѓутоа и ние сме добра екипа. АПОЕЛ пред 4-5 години и овој АПОЕЛ не е ист. Сега имаат сосема поинаква екипа, изјави Васоски за клупскиот сајт на македонскиот шампион.
Вардар на 14 јули гостува на Кипар, а седум дена подоцна е реваншот во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
