Македонија
9. March 2022 - 14:34

Ваучери од 1.000 денари за најранливите категории

Најранливите категории на граѓани ќе добиваат ваучери од по 1000 денари. Ќе можат да се употребат за купување на основните производи, рече на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски.

- Тоа се ваучери во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци, за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основните производи, рече Ковачевски.