-->
-->
ВБА не е заинтересирани Ивановиќ
-->

Тони Пулис менаџерот на англискиот премиерлигаш Вест Бромвич Албион, ги отфрли пишувањата на англиските медиуми дека оваа екипа е заинтересирана во своите редови да го донесе српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ.
Во финишот на зимскиот преоден рок, се очекува Ивановиќ да го напушти тимот на Челзи бидејќи не се вклопува во плановите на тренерот Антонио Конте. Медиумите во Англија, поитаа да ги објавата новите можни дестинации на Србинот, па како можни нови клубови на Ивановиќ покрај покрај рускиот Зенит беше споменуван и Вест Бромвич Албион.
Сепак тренерот на ВБА, Пулис ги отврли ваквите пишувања, па во интервјуто за телевизиската станица „ББЦ“ тој изјави: „Ивановиќ? Дефинитивно не. Тој е добар играч, но никогаш не беше во нашите планови“.
Воедно Пулис демантира дека ВБА ќе го ангажира Калума Вилсон од Борусија Дортмунд, но најави дека е можно да биде доведен играч на позајмица.
„Тој не е слободен играч, па нема ништо од договор. Ако донесеме некого тоа ќе биде играч на позајмица, бидејќи не планираме да трошиме пари во моментов“, изјави Пулис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
