Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
Продолжувајќи со несмалената динамика на сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, вчера (24.02.) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземаjќи плански мерки, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, на ниво на цела држава издадоа вкупно 773 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони.
Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките трендови, најголем дел од прекршоците се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената 175, како и непрописното паркирање 252. Додека пак, веднаш зад нив следат прекршоците за возење без возачка дозвола 73, потоа некористење на сигурносен појас 48, како и 34 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.
Инаку вчера, во шест случаи детектирани се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, петмина минале на црвено светло, а евидентирани се и осум прекршоци на пешаци.
Согласно, пак, Законот за возила биле евидентирани шест технички неисправни, како и 17 нерегистрирани возила. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството