Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2026), полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи. Oд нив, шест за возење под дејство на алкохол, на територија на Делчево, Кичево, Гевгелија, гевгелиско и двајца во Скопје. Исто така, пет лица се лишени од слобода затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на Скопје, Градско, светиниколско, Прилеп и неготинско. Четворица возачи пак се лишени од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа еден во Гевгелија, еден во Скопје, а двајца во тетовско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
