Бизнис
24. December 2022 - 11:33

Вчера произведени 18.835 мегават часови

 – АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 18.835 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информира владината Прес-служба.

Во Термоелектраните се произведени се 12.632 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ 6.203 мегават часови струја.

– Во изминатото деноноќие преку „ЕСМ Продажба“ се набавени се 1.120 мегават часови електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, се додава во соопштението.