Вчера во две сообраќајни незгоди повредени двајца пешаци

На 29.04.2020 година во 15.00 часот во Полициска станица Струмица е лишен од слобода Т.М. (34) од село Баница, осомничен дека го управувал патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое на 28.04.2020 година на ул.„Никола Тесла“ во Струмица удрило во четиригодишен пешак, кој се здоби со тешки телесни повреди.
Истиот ден, нешто подоцна, во 15.45 часот било пријавено дека во с.Ракитец, патничко возило „мицубиши пајеро“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(54) од с.Ракитец удрило во 11-годишен пешак. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа Радовиш за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
