Вдовицата Гога Секулиќ во врска со милионер од Лондон
Пејачката три месеци ужива во љубовта со Џорџ Пиксел, кој го чува далеку од очите на јавноста.
Откако стана вдовица, Гога Секулиќ жубовниот живот го крие како змијата нозете.
Меѓутоа, српски Курир дознава дека пејачката е во врска со богат бизнисмен кој живее во Лондон. Нивната љубов трае веќе три месеци, а се гледаат на реалција Швајцарија - Англија. Секулиќ придонела овој милионер да ја забрза бракоразводната постапка со сопругата, со кој две години е во брак.
-Гога е вљубена до уши. Ова момче Џорџ го запознала прд половина година во една дискотека во Цирих, каде што настапувала. Меѓутоа тогаш меѓу нив ништо не се случило. Тој преку пријател успеал да дојде до Гога и повторно се виделе кога таа настапувала во истиот клуб. Меѓу нив тогаш проработела хемијата која со тек на времето станувала се посилна, вели извор и додава:
-Бидејќи пејачката реши момчето да го сокрие од јавноста, тие се гледаат во странство. Во Србија никогаш не доаѓал, а и нема намера да го носи. Убаво и е со него, а тој поради пејачката ја забрза бракоразводната парница со сопругата. Сакаше да биде слободен и максимално да се посвети на својата врска со Гога, вели соговорникот.
По овој повод весникот ја повика и Секулиќ, која ги потврдила нивните сознанија, но се сакала да открива детали.
-По трагедијата што ми се случи, цврсто решив за мојот љубовен живот да не зборувам во медиумите. Ви благодарам на повикот, но не сакам ништо да коментирам, порача Гога.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година