Македонија
7. November 2017 - 15:00

Веб-страница за „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, премиерата на 19 ноември

Првиот долгометражен филм на режисерот Ѓорче Ставрески, „Исцелител“ ќе има македонска премиера на 19 ноември, на затворањето на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. 

За промоција на филмот е отворена веб-страница www.iscelitel.mk која, како што наведува Фрагмент-филм, „сервира неконвенционални рецепти, саркастични методи за оздравување ’лекови’ за секоја мака“.

„Исцелител“ веб

- На веб-страницата можете да си изберете од листата на понудени маки или да додадете своја и да добиете автентичен рецепт од „Исцелител“-от за справување со секоја од нив. Секој рецепт содржи специфични состојки, но главната е црниот хумор, со кој се спремаше и ова филмско остварување, информира продукцијата.

Во филмот играат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Александар Микиќ и Аксел Мехмет. По премиерата на 19-ти, „Исцелител“ ќе почне да се прикажува во киносалите низ Македонија.

Ова е прв македонски филм кој ќе биде дел од натпреварувачката програма на филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, кој е акдредитиран во А-категорија и еден од најголемите во Северна Европа.