Веб-страница за „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, премиерата на 19 ноември

Првиот долгометражен филм на режисерот Ѓорче Ставрески, „Исцелител“ ќе има македонска премиера на 19 ноември, на затворањето на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.
За промоција на филмот е отворена веб-страница www.iscelitel.mk која, како што наведува Фрагмент-филм, „сервира неконвенционални рецепти, саркастични методи за оздравување ’лекови’ за секоја мака“.
- На веб-страницата можете да си изберете од листата на понудени маки или да додадете своја и да добиете автентичен рецепт од „Исцелител“-от за справување со секоја од нив. Секој рецепт содржи специфични состојки, но главната е црниот хумор, со кој се спремаше и ова филмско остварување, информира продукцијата.
Во филмот играат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Александар Микиќ и Аксел Мехмет. По премиерата на 19-ти, „Исцелител“ ќе почне да се прикажува во киносалите низ Македонија.
Ова е прв македонски филм кој ќе биде дел од натпреварувачката програма на филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, кој е акдредитиран во А-категорија и еден од најголемите во Северна Европа.
Ново на Сител
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
