Македонија
30. April 2016 - 15:36

Вечер на џез музика во Велес

По повод 30 Април, Интернационалниот ден на џезот, општина Велес организира „Вечер на џез музика“ на која ќе настапи „Џез трио“ во состав Анета Качуркова - пијано и вокал, Зоран Павловски - контрабас и Славчо Коцев - тапани.

Како што изјави Мартин Мајсторов од општина Велес, целта на настанот е популаризација на џез музиката меѓу помладата популација и одбележување на Интернационалниот ден на џезот.

„Џез трио“ ќе настапи  во „Драма кафе“ во Велес во 20 часот.