Вечер посветена на Ристо Соколов Сокол

Вечер посветена на познатиот ликовен уметник кој почина пред една година, Ристо Соколов Сокол, беше организирана синоќа во Кавадарци. Промовирана беше новата збирка песни под наслов „Нашиот блуз„ напишана од неговиот пријател Марјан Тодоровски и самиот Соколов.
- Со манифестацијата „Пријателите за Сокол - 2016“ долгогодишните соработници и пријатели го одбележаа денот на раѓањето (16 април 1957) на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол. Ликовниот перформанс го направи ликовниот уметник Трајче Јованов. Фотографската изложба не потсети на дела на Соколов и неговиот лик видени преку објективот на неговите пријатели, рекоа неговите пријатели организатори на настанот.
Присутните преку видео проекција можеа да следат моменти од неговите и заедничките творечки моменти. АктеротАлександар Малинков потсети на ликот на Ристо Соколов Сокол.
Ново на Сител
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
