Македонија
8. February 2017 - 8:37

Вечер посветена на словенечкиот поет Франце Прешерн

Во рамки на одбележувањето на Денот на словенечката култура денеска ќе се одржи Прешернова вечер посветена на словенечкиот поет Франце Прешерн.

За делото на Прешерн беседа ќе одржи проф. д-р Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, а воведна реч ќе има македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан. Стихови на македонски и словенечки јазик ќе читаат членови на Друштвото за македонско-словенечко пријателство од Скопје.

По овој повод ќе биде отворена и изложба на слики на тема „Липицанери“ од Алекса Славинец.