„Вечерњи лист“: Во Сараево живеат повеќе од 40.000 Арапи, од кои 30 отсто вехабии

Во Сараево денес живеат повеќе од 40.000 Арапи, а меѓу нив 30 отсто се припадници на вехабиско-салафистичка идеологија каква што имаат ИД и Ал Каеда, објави загрепски Вечерњи лист, во изданието за БиХ.
Весникот истакнува дека досега се депортирани повеќе од 30 арапски државјавни на кои им е забранет влез во БиХ поради поврзаност со ИД и други радикални исламистички групи.
Според неофицијални информации, најмногу Арапи се од Кувајт – околу 14.000, од ОАЕ и Саудиска Арабија, а најголем проблем е што никој не знае кој влегува или излегува од БиХ и колкав број Арапи купиле недвижности.
Весникот додава дека најголем дел од Арапите на мобилните телефони имаат песни на ИД.
Директорот на Службата за работа сос странци во БиХ, Слободан Ујиќ потврдува дека во БиХ се регистрирани 108 фирми со посредство со кои Арапи купуваат земја во БиХ.
– Најдовме полно фиктивни фирми, истакнува Ујиќ појаснувајќи дека 99 отсто фирми кои тргуваат со недвижности се регистрирани со основачки капитал од 2.000 КМ, а во меѓувреме купиле земјиште или згради во вредност од по 600.000 или 700.000 КМ.
Според него, проблемот станал толку сериозен што во проверките се вклучени и Агенцијата за истраги и заштита во БиХ и Разузнавачко-безбедносната агенција.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
