Вечерва спектакуларен метеорски дожд на небото
На областите каде што има слабо осветлување, ноќеска и рано наутро ќе можете да гледате голем број на „ѕвезди кои паѓаат“ наречени Ориониди.
Дождот се состои од остатокот од Халиевата комета која последен пат орбитираше околу земјата во 1986-та година и нема да можеме да ја видиме до 2061-ва година.
Сепак, секоја година во втората половина од октомври месец Земјата минува низ остатоците од кометата, па небото ќе биде осветлено од вистински дожд на метеори. Оваа година се претпоставува дека околу 5-6 часот наутро по средноевропско време ќе летаат од 10 до 20 метеори на час.
За да ги видите, треба да го следите југоисточното небо. Тоа што е добро е што нема да имате потреба од никаква посебна оптичка опрема затоа што метеорите ќе можат да се видат и со голо око, по услов небото да е чисто, и да не бидете опкружени од вештачко осветлување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка