Величествената Струшка Литија традиционално на 7 мај низ струшките улици
Традиционално и оваа година на 7 мај, во градот на поезијата, во Струга ќе се одржи сенародната Струшка Еордија (Литија), со моштите на „Свети Георгиј Победоносец", неговата чудотворна икона, како и Крнинската чудотворна икона на Богородица.
Дел од најголемото торжество по кое државата е истакната во целиот свет и годинава ќе биде локалното свештенство, братството и сестринствата од манастирите Бигорски, Рајчица и Пречиста, голем број верници и добронамерници од земјава и странство.
Старешината на храмот „Свети Георгиј Победоносец“, свештеникот Васко Голабоски информира дека стружани, без оглед на својата национална и верска припадност, деновиве се обединети околу ова големо чествување на Светиот Георгиј.
- И младите и повозрасните го даваат својот значаен придонес за да може што подостоинствено да се прослави настанот по кој нашиот град стана препознатлив во целиот свет. Чест ни е да го поканиме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, како и Крнинската чудотворна икона на Мајката Божја, се значајно обележје на свој сенароден настан, истакна отец Голабоски, кој е дел од организациониот одбор на Струшката Еордија
И оваа година на Литијата ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои не само на Еордијата, туку секогаш се тука за да го чуваат мирот и безбедноста во земјата.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
