Македонија
28. April 2016 - 14:15

Велигденски базар во Гевгелија

Гевгелиските дечиња вклучени во проектот „Ден со природата“ денеска направија Велигденски базар за продажба на предметите што беа изработени на различни креативни работилници, а беа понудени на специјален штанд во градот.

Според Аце Ристевски раководител на фондацијата „Аполонија“ која е организатор на проектот, на продажба беа понудени велигденски украси, глинени предмети ,кошнички за велигденски јајца и уште многу рачно изработени украси од децата.

Од фондацијата посочија дека е голем интересот од страна на минувачите кои денеска ги има во голем број поради пазарниот ден во Гевгелија и оти ги купуваат детските креации особено кога ќе разберат дека парите од продажбата се наменети за хуманитарни цели.

Сите средства што ќе бидат собрани од продажбата на велигденските украси и предмети ќе бидат наменети за социјализација на децата со посебни образовни потреби од Гегелија, вклучени во програмата „Дејвид Ван Дер Веге“